Вести Македонија

Ризикот од поплави во Струмичко останува се додека не се исчистат коритата на реките Јазга и Струмица

Струмичкото поле и домаќинствата нема да бидат безбедни од поплави се додека не се исчистат коритата на реките Струмица и Јазга.

Оваа е констатацијата на директорот на центарот за управување со кризи и градоначалникот на Босилово по извршениот увид.

Велат дека АД Водостопанство ќе мора итно да интервенира на критичните точки.

Во поплавите пред десетина дена најголеми штети имаше токму во општина Босилово од излевањето на коритата на овие две реки.

Од поплавите се зафатија деловни објекти но и дваесетина куќи.

Од подружницата на АД Водостопанство, Струмичко поле, велат дека речните корита не се чистени околу пет години и за интервенција се потребни поголеми средства кои тие уште летото ги барале.

Сузана Мицева

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Денеска се одржува ,,Марш на ангелите” во Кочани

Дејан Дејан

Тројца отповикани и двајца со истечен мандат остануваат како в.д. амбасадори

Дејан Дејан

Истрагата за трагедијата во Кочани продолжува со распит на сведоци

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе