Благој Бочварски со насмевка на прашање за шпекулациите дека ќе биде заменет со Петре Шилегов, велејќи дека ја чека одлуката на идниот мандатар, но и дека е подготвен за соработка и на идните планови.
За помош на Ковачевски му се понудил и министерот за здравство, Венко Филипче, но не за да остане на функцијата, туку околу изборот на заменик-министерот за здравство. Изјави дека e вклучен во процесот, а во наредните денови најверојатно ќе се сретне и со неговиот наследник Беким Сали, кој доаѓа на оваа позиција по договорот со Алтернатива. Рече дека со него не се познава лично, но ќе иницира состанок за да му ги пренесе искуствата. Му порача да биде транспарентен и секогаш достапен за медиумите.
Советникот на премиерот, Милан Живковиќ, потврди дека се разговара з аможноста да влезе во владата.
Засега е сигурно и заминувањето на Шеќеринска и Царовска, а најверојатно од функцијата ќе си замине и министерката Ирена Стефоска.
Се очекува министерско место да добие Сања Лукаревска, а министерот за правда, Бојан Маричиќ да замине на вицепремиерското место на Никола Димитров, кој си заминува од функцијата.
Се очекува и вицепремиерот за економски прашања, Фатмир Битиќи да остане на функцијата, како и министерот за локална самоуправа, Горан Милески.
Промени не се најавуваат кај министрите од ДУИ, а Алтернатива ги добива договорените места во Информатичко општество, министер без ресор и заменици во Земјоделство и Култура.
Далиборка Дамјанска Цветановска