На Меѓународниот балкански универзитет, се отвори Факултетот за дентална медицина и Високата медицинска школа, каде се опфатени стручни студиски програми за медицински сестри и акушерки.
На отворањето присуствуваа претседателот на Големото национално собрание на Турција Мустафа Шентоп и министерот за здравство Венко Филипче, претседателот на управниот одбор Меѓународниот балкански универзитет, Ајдован Адемовски, заменик-претседателот Есер Џевахир како и членот на Управниот одбор, Имер Селмани.
Универзитетот за практична настава на студентите, ќе соработува и со јавни здравствени установи ГОБ„8-ми Септември“, Универзитетски стоматолошки клинички цетар „Св.Пантелејмон“, ЗД Скопје.
Адемовски за Телма вели дека е горд што во фондациски универзитет каков што Меѓународниот балкански универзитет успеале да отворат стоматологија и висока медицинска школа.