Регулаторите веќе втор ден ги анализираат поднесетите барања на енергетските компании за покачување на цената на струјата и трошоците прикажани во барањата. Очекувањата се дека до крајот на оваа недела од Регулаторна ќе излезат со првична информација околу цената на струјата и евентуалното покачување. Претседателот на Регулаторна, Марко Бислимовски, најави дека регулаторите ќе се обидат да ги намалат маржите и профитот на енергетските компании во корист на граѓаните
- „РКЕ започна со детални анализи на поднесените барања од енергетските компании. Со што практично почнува фазата на системска и длабинска проверка на секоја пријавена ставка на трошоци. Паралелно се проверуваат вкрстено механизмите кои Рке прв пат ќе ги активира поради енергетската криза со цел заштита на потрошувачите”.
МЕПСО побара цената на струјата да се покачи за 60 отсто, Електродистрибуција двојно а униврзалниот снабдувач ЕВН Хоум ги достави само предвидените трошоци за 2022 година без да ја прецизираат висината на поскапувањето.
Денеска цената на струјата на светските брзи достигна апосултен рекорд и еден мегават извесува 515 евра.
Според официјалната ифнромација на ЕСМ може да се види дека по неодамнешните врнежи во погон се ставени хидропакапцитетит кои дневно произведуваат 3,1 од вкупните 11 гигават часови струја