Вести Наука и здравје

Во облаците на Венера можеби живеат вонземски форми на живот

Научниците објаснија дека амонијакот пронајден во облаците на Венера го прави овој регион погоден за живеење за вонземски форми на живот.

„Вонземјанските форми на живот, за разлика од сè што сме виделе, можеби живеат во облаците на Венера“, изјавија научниците од Универзитетот Кардиф, МИТ и Универзитетот Кембриџ.

Безбојниот гас, соединение со азот и водород, може да биде показател за хемиски реакции кои ќе ја направат планетата оддалечена 47,34 милиони километри од Земјата попогодна за живот за вонземјани.

На нашата планета, амонијакот е вообичаен отпад од водни организми. Нејзиното присуство во горната атмосфера на Венера ги збунува астрономите уште од 1970-тите.

Венера не изгледа многу гостопримлива за да го поддржи животот, со екстремно сурови услови, кисели дождови и температури кои достигнуваат 500 степени Целзиусови.

Но, ако има живот во облаците, се чини веројатно дека има микроби со различен хемиски состав отколку што гледаме на нашата планета, па дури и на соседните планети како Марс.

Научниците сугерираат дека најверодостојното објаснување е дека потеклото на амонијакот е биолошки наместо природни сили како што се молњите или вулканските ерупции.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Тројца кандидати го минаа филтерот за Европскиот суд за човекови права

Дејан Дејан

Со премиера на „Риголето“, почнуваат 53-те „Мајски оперски вечери“

Дејан Дејан

Уништени култури, земјоделците проценуваат штети – град со големина на орев „удри“ во Струмичко

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе