Култура

Песни од Ацо Шопов во италијанското списание Нуови аргоменти

По повод 98-годишнината од раѓањето на Ацо Шопов  (20 декември 1923 — Скопје, 20 април 1982), еден од основоположниците на македонската современа поезија, престижното италијанско списание за литература „Нуови аргоменти“, објави избор од девет песни од Шопов, во рубриката  „Поетска работилница”

(http://www.nuoviargomenti.net/poesie/sangue-abissale)

Изборот, во препев на италијанската поетеса Миа Леконт и македонската италијанистлка Анастасија Ѓурчинова, ги содржи следниве песни : „ Грозомор“ , „ Има долу една крв“, „ Песна“, „Обична улица“, „ Молитва за еден обичен но уште не пронајден збор“, „ Шеста молитва на моето тело“, „ Деветта молитва на моето тело“ и поемата „ Долго доаѓање на огнот“.

Списанието  „Нуови аргоменти“, е основано во 1953 година од страна на Алберто Моравиа. Во 1956 година му се приклучува Пјер Паоло Пазолини, кој ќе раководи со списанието од 1966 до 1980 година. Во тој период, особено доаѓа до израз соработката на младата италијанската писателка Дача Мараини, која станува член на раководното тело на редакцијата во 1990 година, а денес е одговорен директор на Нуови аргоменти.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Стоечки овации и бис по изведбата на „Кармина Бурана”

Дејан Дејан

Кармина Бурана во Солун- заедничка изведба на Филхармониите од Скопје и Софија и симфонискиот оркестар од Солун

Дејан Дејан

Македонската филхармонија вечерва во Солун со „Кармина Бурана“

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе