Нема да има пауза во Премиерлигата поради зголемените случаи на Ковид-19 во англискиот фудбал. Повеќе клубови на денешниот состанок беа против прекин на натпреварите.
Челниците на сите 20 клубови од Премиерлигата денеска имаа состанок и донесоа одлука првенството да продолжи да се игра нормално и покрај многуте позитивни случаи на Ковид-19 меѓу играчите.
Разгледана беше идејата да се одложат натпреварите од 20.коло, што е на програмата од 28 до 30 декември.
Изминативе 10 дена беа одложени вкупно 10 натпревари во Премиерлигата поради многу позитивни случаи на ковид меѓу играчите. Иако дел од менаџерот на клубовите побараа прекин на првенството, повеќето клубови биле против оваа идеја.
Договорено е за две недели клубовите да направат нов состанок за да ја анализираат ситуацијата и да се интензивира кампањата за вакцинација меѓу фудбалерите, бидејќи последните анкети покажуваат дека само 68 отсто од премиерлигашките играчи се вакцинирани со втора доза против Ковид-19.