Најновите научни студии покажуваат дополнителни штетни ефекти на аерозагадувањето врз човековото здравје.
Покрај тоа што штетните честички во воздухот негативно влијаат врз респираторниот и кардиоваскуларниот систем, тие предизвикуваат и замастување на црниот дроб, што може да доведе до негово трајно оштетување.
Тетово како едно од местата со најголем степен за аерозагадување е предизвик и за медицинските работници да го истражат ова прашање вели, доктор Ратко Давидовски, од Центарот за јавно здравје.
Она што е веќе докажано е дека загадувањето на воздухот ги полни болниците. Лекарите велат дека низ годините се повеќе се зголемува бројот на пациенти со белодробни заболувања, а доста често и од помладата популација.
Лекарите сметаат дека вакават состојба ќе продолжи бидејќи очекуваат и оваа зима да има надминување на штетните честички во воздухот.
Данијела Билбиловска