Вести Ковид19 Македонија

16 починати и 327 новозаразени со Ковид-19

Министерството за здравство информира дека согласно податоците од Институтот за јавно здравје  во последните 24 часа:

Направени се 2.740 тестирања, а регистрирани се 327 нови случаи на КОВИД-19:

Во текот на изминатите 24 часа регистрирани се 12 починати лица: 6 починати лица од Скопје (57г, 64г, 72г, 76г, 85г и 86г), две починати лица од Прилеп (40г и 82г) и по едно починато лице од Битола (67г), Кавадарци  (73г), Кочани (72г) и Македонски Брод (70г). Од пријавените, сите се починати во болнички услови.

Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, пријавени се дополнително 4 лица, починати во период од 27.11-15.12.2021 година. Починатите лица се од Скопје (2), Кочани (1) и Свети Николе  (1). Починатите лица се на возраст од 57г до 88г. Од пријавените починати лица, едно лице е починато во домашни услови, а 3 лица се починати во болнички услови.

Досега во земјата се направени вкупно 1.515.236 тестирања на Ковид-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 220.794, бројот на оздравени пациенти е 207.563, на починати е 7.794, а бројот на активни случаи изнесува 5.437.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Заседава ЕП на дневен ред неделава и извештајот на Вајц за земјава

Дејан Дејан

Родителите на починатите деца од пожарот во „Пулс“ чекаат одговор на барањата

Дејан Дејан

Трамп испраќа писма со нови царини до трговските партнери

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе