Вести Свет

Предупредување до Русија од НАТО и ЕУ

Северноатлантскиот совет, ја повика Русија да ги намали тензиите на украинската граница. Лидерите на ЕУ и се заканија на Русија со санкции.

Северноатлантскиот совет, даде изјава за „ситуацијата во и околу Украина“.

„Ја повикуваме Русија итно да ги деескалира тензиите, да ги следи дипломатските канали и да ги почитува своите меѓународни обврски во однос на транспарентноста на нејзините воени активности“, се вели во соопштението.

Сериозно ги оценуваме ефектите од актуелната ситуација врз безбедноста на алијансата“, се вели во соопштението, во кое се додава дека НАТО решително ќе одговори на влошувањето на безбедносната средина.

„Секоја натамошна агресија врз Украина ќе има огромни последици и висока цена“, се вели во соопштението.

Во изјавата со која се потврдува поддршката за територијалниот интегритет и суверенитет на Украина, од Русија беше побарано да ги повлече своите сили од Украина.

Осврнувајќи се на приговорот на Русија за можното членство на Украина во НАТО, беше нагласено дека секоја земја има право сама да си ја одредува судбината и надворешната политика и дека „односот на НАТО со Украина се однесува само на Украина и 30 земји-сојузници“.

Во соопштението на НАТО, во кое беше дадена пораката „Подготвени сме за смислен дијалог со Русија“, беше повторена поканата до Русија да го организира Советот НАТО-Русија.

„Подготвени сме да работиме на зајакнување на мерките за градење доверба доколку Русија преземе конкретни чекори за деескалација на тензиите“, се вели во соопштението.

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, претседателот на Советот на ЕУ, Шарл Мишел и претседателот на мандатот на ЕУ, словенечкиот премиер Јанез Јанша одржаа заедничка прес-конференција на крајот од Самитот на лидерите на ЕУ.

Претседателот на Европскиот совет Мишел, наведувајќи дека земјите-членки го поддржуваат територијалниот интегритет и суверенитет на Украина, рече: „Ако дојде до агресија врз Украина, тоа ќе има многу сериозни последици. Ние сме подготвени да преземеме координирани мерки со нашите партнери и сојузници. ”

Мишел рече дека лидерите на земјите-членки на ЕУ се согласиле да ги активираат економските санкции против Русија во таква ситуација.

Урсула фон дер Лајен, пак, потсети дека претходно го објавија својот став за руските воени утврдувања на границата со Украина и ја повикаа Русија да избегне агресија и да ги намали тензиите.

Фон дер Лајен изјави дека сакаат добри односи со Москва и дека тоа зависи од Русија, „Но нема сомнеж во тоа. Ако Русија преземе акција против Украина, ЕУ ќе воведе санкции кои ќе чинат многу. Ние ја завршивме нашата работа во таа смисла.”

Словенечкиот премиер Јанша, исто така, рече дека земјите од ЕУ дејствуваат во заеднички став и рече: „Нема да дозволиме да се повтори ситуацијата доживеана кога Русија го нападна Крим. Овојпат ние сме подготвени“.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(Видео)Овие институции одново ги убија нашите деца – порачаа родителите на загинатите во пожарот

Дејан Дејан

Препораки за безбедно учество во сообраќајот во пресрет на летната туристичка сезона

Дејан Дејан

(Видео)„Марш за ангелите во Кочани“ – деветти собир за загинатите во пожарот во дискотеката

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе