Вести Македонија Најважни

На средбата Заев – Ахмети се очекува на дневен ред да биде и прераспределбата на министерските и други раководни поозиции

По консултациите на помалите коалициски партнери, денеска за програмата на идната влада на маса ќе седнат двата најголеми владини партнери, СДСМ и ДУИ.

Од една страна премиерот, Зоран Заев и новиот лидер на социјалдемократите Димитар Ковачевски и иден мандатар на влада, од друга страна лидерот на интегративците, Али Ахмети.

Во штурото соопштение за средбата се наведува дека таа е за консултации и размена на мислења околу програмата на новата Влада.

Сепак средбата Заев – Ковачевски – Ахмети извесно е дека нема да биде искористена само за размена на мислења за програмата, туки и за прераспределба на министерските места и други раководни позиции во идната влада со оглед дека и СДСМ и ДУИ отстапија три министерски и исто толку заменички места за да ја добијат поддршката од Алтернатива.

Дека нема да се разговара само за програмата на идната влада укажува и фактот што Заев беше делегиран и во име на ДУИ да преговара со Алтернатива за укрупнување на владеачкото мнозинство, што значи дека договорот со Алтернатива со деветте точки во програмскиот дел на идната влада бил исконсултиран и аминуван од ДУИ.

Во меѓувреме министрите во очекување на тоа како ќе пресечат партиите кој кое министерство ќе го пополнува со свој кадар и дали остануваат во игра за нов мандат.

„И пред 18 месеци, пред да се формира новата влада, реков дека ако мандатарот смета оти јас сум доволно спремен да одговорам на задачите секогаш сум подготвен да бидам дел од владата. Оставам и на новиот мандатар да процени дали во неговиот мандат со новата програма мојот профил најдобро ќе се вклопи“, изјави Фатмир Битиќи, вицепремиер за економски прашања.

Инаку Заев кој најави дека идната недела ќе ја донесе одлуката кога ќе ја поднесе својата оставка од премиерската функција до Собранието, од моментот кога го потпиша договорот со Алтернатива за коалицирање, имаше низа средби со владините партнери заедно со Ковачевски за тоа како ќе продолжи за идната влада.

Дел од помалите партнери веќе ги врачиле своите барања за идната владина програма.

Досега од помалите партии официјално ЛДП и ДОМ објавија кои се нивните барања и очекувања од идната влада во програмскиот дел, но досега ниту една партија не ги соопшти своите апетити за министерските и раководни позиции.

Засега сите по ова прашање упатуваат на адреса на идниот мандатар кој пак пред да се зафати со кадровските решенија како мандатар, кадровски ќе ја средува партија на која пред само четири дена стана лидер.

Тој веќе најави дека ќе прави кадровско проветрување на телата на партијата, а веќе за идната недела закажа седница на Централниот одбор.

Во намерите пак на новиот лидер на СДСМ да се оддели од политиката на неговиот претходник се сомнева и поранешен близок соработник на Заев и пратеник од редовите на СДСМ.

„Во ниту еден момент не слушнав дека Ковачевски, ниту кој било друг од раководството се огради од сите оние погрешни ставови и погрешни политки и на г-динот Заев и на СДСМ, поради кои граѓаните и казнија на послендите избори“, рече Димитривски.

Димитриевски сомнежот во намерата за суштински промени вели дека ја има поради начинот како е избран Ковачевски за лидер на СДСМ, односно поради отворената поддршката од Заев дека тој треба да го наследи во партијата.

Тамара Грнчароска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

„Децата мора да се охрабруваат да говорат за булингот“ пораки од работилница во Гази Баба на општествено одговорната кампања „Крени Глас“ на Макпетрол

Дејан Дејан

Во болницата во Кочани стои нова хипербарна комора без специјалист да ја стави во функција велат од “SupportКоcani“

Дејан Дејан

Пет барања испрати семејството на Фросина од протестот по пресудата од 12 години за Васил Јованов

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе