Вести Македонија

Со околу 2 илјади амандмани опозицијата против Законот за здравствена заштита

Со 1200 амандмани од Левица и 760 од ВМРО ДПМНЕ, опозицијата ќе се обиде да ги спречи  најавените измени на Законот за здравствена заштита.

Очекувале да биде повлечен цел закон, а не само со амандмани да се повлечат спорните измени, за кои од владата се предомислија.

По денешната комисија за здравство, која  беше прекината поради големиот број на амандмани, изјавија дека воопшто не сакаат да разговараат за теми кои овозможуваат влез на приватни фирми во дејности како трансплантацијата на органи и итната медицинска помош.

Опозицијата тврди дека никакви амандмани не стигнале во Собранието, иако од мнозинството се категорични дека веќе поднеле амандмани, со кои ќе се повлечат спорните делови од законот за кои реагираа и од здружението за трансплантација.

Од мнозинството се децидни дека спорните делови ќе бидат повлечени,        но не и целиот закон.

Со него, велат, се предвидува подобра достапност на матични лекари, таму каде што ги нема, можност специјалистите  да работат во секоја јавна здравствена установа, нови услови за вршење на дополнителна дејност.

Во законот стои и дека, од крајот на следната година, здравствените работници  вработени во здравствените домови,  педијатрите и гинеколозите вработени во болниците, ќе може да бидат и избрани матични лекари во различни региони од државата.

Се дава и можност, пациентите да останат во истата здравствена установа доколку нивниот избран лекар почине, се пензионира или замине во странство. На барање на опозицијата, министерот за здравство прифатил да се одржи и јавна расправа, следниот петок.

Далиборка Демјанска Цветановска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

„Повредата е толку осетлива што од минута во минута создава нови проблеми“ вели мајката на повредениот син во пожарот во Кочани

Дејан Дејан

(Видео)Нов протест за Фросина – нејзиното семејство незадоволно од пресудата

Дејан Дејан

Oбвинителството предлага Крешник Бектеши да оди во куќен притвор

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе