Вести Македонија

Инспекторите тврдат дека фатиле и казниле загадувач – споменуваната фирма демантира

Истурено ѓубре врз цевка од пречистителна станица, на јавен простор во Вардариште, ќе ја олесни касата на градежна фирма за цели пет ипол милиони денари или 88 илјади евра.

Станува збор за компанијата „Бауер“ од каде што за Телма тврдат дека само од медиумите слушнале дека се казнети и дека на нив сè уште ништо не им пристигнало.

Но, градските инспектори за животна средина нотирале загадување на 24 ноември, велат од Инспекторатот на Град Скопје.

Административните процедури и целата постапка траеле три недели и веќе е издаден прекршочен паричен налог.

„Според извештајот на Инспекторатот на Град Скопје затекнатите лица нелегално исфрлале отпад и со тоа ја загадиле животната средина и ја загрозиле безбедноста и здравјето на граѓаните, што е спротивно на член 37 од Законот за управување со отпад.“ – соопштија од град Скопје.

Од „Бауер“ демантираат дека направиле било какви прекршувања на Законот. Сепак, велат дека ако им бидат приложени докази дека навистина ја загадиле животна средина и дека работеле спротивно на правилата, тогаш ќе ја платат казната.

Согласно Законот за управување со отпад, има четири категории според кои се изрекуваат казни за загадување – согласно големината на фирмата.

Бидејќи станува збор за голема фирма од областа на градежништвото, од Инспекторатот велат дека е одредена највисоката глоба од 88 илјади евра.

Петар Догов

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

„Децата мора да се охрабруваат да говорат за булингот“ пораки од работилница во Гази Баба на општествено одговорната кампања „Крени Глас“ на Макпетрол

Дејан Дејан

Во болницата во Кочани стои нова хипербарна комора без специјалист да ја стави во функција велат од “SupportКоcani“

Дејан Дејан

Пет барања испрати семејството на Фросина од протестот по пресудата од 12 години за Васил Јованов

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе