Вести Македонија

Спречен обид за криумчарење мигранти

Македонската полицијата спречила обид за кримучарење мигранти. 20-годишен Србин од Прешево во товарно возило „фиат дукато“ превезувал 28 мигранти.

Според МВР од пронајдените мигранти 25 биле од Куба, меѓу нив пет деца и тројца од Индија.

Тој бил запрен во близина Гевгелија и веднаш се обидел да избега, но бил фатен од полицијата и лишен од слобода.

Мигрантите се пренесени во Прифатен центар „Винојуг“ во Гевгелија.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Недоволен буџет за здравствена заштита и застој во изградбата на нови болници, регистрираат ревизорите во извештајот за 2023

Дејан Дејан

Рашче под притисок, дивите приклучоци го уништуваат капацитетот

Дејан Дејан

Разговори за можно примирје во Појасот Газа во Белата куќа- Нетанјаху на вечера кај Трамп

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе