Кошарка Спорт

МЗТ со фантастично второ полувреме го совлада Хелиос Домжале

МЗТ Скопје стигна до четвртата победа на петиот натпревар сезонава во АБА2-лигата откако денеска на првиот натпревар на турнирот во Сараево го совлада Хелиос Домжале со 94-88.

Избраниците на тренерот Дарко Радуловиќ одиграа феноменално полувреме во кое негативата од -10 поени ја претворија во важен триумф.

Во првиот дел МЗТ беше постојано во негатива, а на полувремето резултатот гласеше 35-45 за словенечкиот состав. На „металците“ им тргна шутот за три поени, а во главна улога беше Адем Мекиќ, кој постигна шест тројки и беше еден од главните во пресвртот.

Клучна беше серијата од 13-0 на нашиот шампион на крајот на третата и почетокот на четвртата четвртина. Предноста потоа достигна и +10, па МЗТ не дозволи Домжале да се врати во игра за конечен триумф од 94-88.

Дастин Вер со 23 поени и 13 асистенции беше предводник на нападот на МЗТ, Роберт Рикиќ имаше 21 поен, додека Адем Мекиќ реализираше 20 поени, сите во второто полувреме.

На следниот натпревар што се игра задутре МЗТ се среќава со домаќинот на турнирот Спарс Сараево. Нашиот тим се наоѓа на 2.место на табелата со 9 бодови, еден помалку од лидерот Борац.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ФОТО галерија: Во меч без голови Вардар и Струга освоија по бод

Дејан Дејан

Реакција на ФФМ: Згрозени сме, но и решителни – овој срам нема да остане неказнет

Дејан Дејан

Еткинсон тренер на сезоната во НБА

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе