Македонија Најважни

Нова влада најдоцна до 15 јануари?!

Новата година во Македонија ќе почне со нова влада и премиер. Такво уверување добиле помалите коалициони партнери од новиот мандатар Димитар Ковачевски, со кој денеска се среќаваа во владата, во присуство на актуелниот премиер Заев и вицепремиерот од ДУИ, Артан Груби.

Новиот владин кабинет треба да биде составен најдоцна до 15-ти јануари. На поединечните средби, наводно не се разговарало за кадровските решенија, туку за барањата на помалите партии, што треба да се најдат во владината програма. Претседателот на ЛДП, Горан Милески, кој е и министер за локална самоуправа, очекува тој и останатите кадри од ЛДП да останат на функциите. Ветено му е и дека, веднаш по изборот на владата, ќе им биде прифатено барањето за отворени листи за избор на советници и една изборна единица, но со праг.

Ковачевски прифатил и да се регулира пазарот и трговијата со криптовалути. Ќе се прифатат и измени на ЛДП во Законот за урбанистичко планирање, а ќе се вметне и нивниот проект за нова жичара и развој на туризмот на Пелистер. Договорено е и да се затвори процесот на фискалната децентрализација, и да се направат измени во законот за локална самоуправа.Неколку прашања не се усогласени, особено околу рамниот данок кој го бараат Либералдемократите, додека СДСМ сакаат прогресивен данок.За овие прашања Милески уште од сега најавил дека нема да дадат поддршка во Собранието.

Дел од усогласените барања се и барања на Демократски сојуз. Покрај ова, тие бараат и реформи во правосудниот систем, детектирање на скриен имот на носители на јавни функции и конфискација на имот стекнат криминално. Павле Трајанов бара и разговорите со Бугарија да се водат врз основа на усвоената собраниска резолуција, со која се дефинираат црвените линии. Меѓу нивните барања е и тоа, новинарите да не одговараат кривично за оддавање на службена, деловна или воена  тајна доколку тоа е од јавен интерес.

Со Алтернатива се усогласени деталите околу законот за рамномерен регионален развој, што го побараа при влезот во владата. Тие бараа поголемо финансирање на Липковскиот регион, но е договорено, да не се става акцент само на еден регион, туку да се одделуваат повеќе пари за сите рурални средини во државата.

Од НСДП немаат некои посебни барања. ДОМ, со кои Ковачевски ќе се сретне утре,  ќе ги предочат своите барања што се однесуваат на екологијата.

Далиборка Дамјанска Цветановска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

„Децата мора да се охрабруваат да говорат за булингот“ пораки од работилница во Гази Баба на општествено одговорната кампања „Крени Глас“ на Макпетрол

Дејан Дејан

Во болницата во Кочани стои нова хипербарна комора без специјалист да ја стави во функција велат од “SupportКоcani“

Дејан Дејан

Пет барања испрати семејството на Фросина од протестот по пресудата од 12 години за Васил Јованов

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе