Вести Ковид19 Македонија Најважни

За 8,1 отсто намален е бројот на новозаразени лица од Ковид-19 во споредба со минатата недела

Бројот на новозаразени од КОВИД-19 во државата се намалува. Во изминатите седум дена регистрирани се 2.090 нови позитивни случаи што е за 8,1% помалку во однос на минатата недела. Од новозаболените најголем дел се од Скопје, додека пак највисока неделна инциденца е регистрирана во Кавадарци.

Намалување има и во црниот биланс на починати лица, каде што во изминатата недела регистриани биле 66 смртни случаи што е за 2,9% помалку во однос на претходната недела.

Во последните 14 дена забележително е намалувањето на инциденцата во 27 градови во државата. Највисока инциденца е регистрирана во Кавадарци, Скопје и Неготино, а најниска во Македонски Брод.

Според извештајот на Министерството за здравство најголемиот број на заболени биле на возраст над 60 години, додека највисок специфичен морбидитет е регистриран кај возрасната група од 50 до 59 години.

Во моментов во државата хоспитализирани се вкупно 427 лица што е за 7,4% помалку во однос на минатата недела. Од нив, 247 се на кислородна поддршка што е за 8,3% повеќе во споредба со минатата недела, додека пак 13 пациенти се на инвазивна/неинвазивна механичка вентилација.

Од почетокот на пандемијата до денес во државата регистрирани се 7.740 смртни случаи, најголем дел од нив на возраст над 60 години. Кај 76% од починатите регистрирани се коморбидитети, најчесто дијабет и кардиоваскуларни и белодробни заболувања. Од смртните случаи дури 93,2% биле во болнички услови, а 6,8% починале дома.

Репродукцискиот број на заразени од ковид во Македонија изнесува 0,90 што според индикаторите на СЗО за можноста за понатамошна трансмисија и капацитетите за одговор на земјата се проценува дека државата е во фаза на широка трансмисија, подниво 2, со умерени капацитети за одговор.

Мартин Николовски

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Прво закон за Судски, па кандидат од Вила водно

Дејан Дејан

Мицкоски и Сиљановска со критики за случувањата во ЕП

Дејан Дејан

Десничарска група поврзана со Ле Пен под истрага на Европското јавно обвинителство

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе