Оливер Спасовски, министерот за внатрешни работи, при денешната посета на Пробиштип, рече дека новоизбраниот претседател на СДСМ, Димитар Ковачевски, кој наедно треба да биде и премиер на новата Влада, ќе одлучи дали тој и понатаму ќе го води својот ресор.
– Ова не е прашање за мене, туку за мандатарот , кој ќе одлучува за тоа. Јас сум посветен да одработам тоа што треба да одработам. Мандатарот ќе одлучи за тоа кои ќе му бидат кандидати за челните позиции, рече Спасовски, како одговор на новинарско прашање.
Актуелниот заменик-министер за финансии Ковачевски вчера беше избран за нов претседател на СДСМ. Беше обезбедено ново парламентарно мнозинство, а планот на веќе поранешен партиски лидер Зоран Заев е Ковачевски да го замени како премиер на земјата.
Спасовски е министер за внатрешни работи во вкупно 4 наврати, двапати беше технички министер во влада која организираше избори, потоа беше избран како министер во првата влада на Заев, паузираше за време на техничкиот перидо кога беше претседател на влада наместо Заев, а по ланските избори повторно е избран за министер за внатрешни работи.