Кошаркарите на Пелистер во првиот дуел од серијата натпревари што ќе се играат во Сараево во рамките од АБА 2 лигата е поразен од Широки Бријег со 83:82.
На битолчани не им беше доволна и предност од 11 поени да ја прекинат низата од два порази во регионалното натпреварување и на крајот го забележаа четвртиот пораз во досегашниот тек од сезоната.
Во составот на Пелистер прв стрелец со 27 поени беше Никола Малешевиќ додека во редовите на Широки Бријег најефикасен исто така со 27 беше Лука Божиќ.
Утре нашиот втор претставник МЗТ Скопје ќе се соочи со Хелиос додека в среда Пелистер за противник го има Борац од Бања Лука.
ФОТО: Игор Паневски