Вести Македонија Најважни

Намален водостојот на Брегалница – нема опасност од поплави на населени места

Намален е водостојот на реката Брегалница и на сите нејзини притоки, нема опасност од поплави на населени места, какошто беше синоќа во неколку општини на истокот, меѓу кои и Штип.

Водата се повлекува во речното корито, единствено не е повлечево во селото Облешево, но таму неколку куќи, фарми и  земјоделски површини, а жителите велат дека секоја година при обилни врнежи од дожд  се поплавени и тоа од неисчстениот каналот за наводнување на Хидросистемот Брегалница.

Во штипскиот регион се намалува водостојот на реката Брегалница, која одредени населби во градот, но и бунарите, од кои штипјани се снабдуваат со вода за пиење може да ги поплави доколку нивото на водата достигне над два и пол метри.

Податоците ги потврдува и Киро Маџунаров кој речиси 30 години го мери нивото и врнежите од дожд.

Снегот беше спас од поплави за жителите на истокот. Освен земјоделски површини во Зрновци, од силниот налет на водата и дрвја, оштетени се мостовите во делчевско Трботивиште, кој води кон гробиштата, видливо е и попуштен мостот што го поврзува Долни Балван со Таринци во Општина Карбинци, кој засега е забранет за сообраќај за камиони.

На источниот регион поплави не му се закануваат од браните, а Калиманци е полупразна и во неа се акумилираат водите од малешебско-пијанечкиот регион.

Викторија Јованова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Ангелов: Зад сите пожари, би рекол, стои човечки фактор, лани имавме неколку пожари од грмотевици и од допир на жици

Дејан Дејан

Пожарникарите наишле на запалени палети и мирис на бензин – Ангелов за пожарот во Чучер Сандево

Дејан Дејан

Ангелов: Не сум видовит, но пожари ќе има и во годините што доаѓаат, апел до граѓаните да ги исчистат сопствените дворови

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе