Малите партии не сакаат да бидат приврзок на големите. Барат измените на Изборниот Законик кои се во собраниска постапка да се донесат најдоцна до 15 јануари. Една изборна единица , пропорционален модел и без изборен праг се дел од барањата кои треба да бидат владин приоритет.
Со ова ќе се демонтира монополот на партиите кои 30 години владеат во државата и ќе се создадат услови за системски промени, вели Павле Трајанов.
Барањата не се сметаат за притисок во услови кога претстојат преговори за нова Влада.
Поддршка за изборни реформи ќе се бара од сите пратенички групи и независни пратеници.СДСМ, ВМРО ДПМНЕ и ДУИ начелно го поддржуваат предлогот но инсистираат на консензус.
Иако се формирани работни групи, договор за измени на Изборниот законик се уште нема.`
Јулијана Пешевска