Спорт Фудбал

Повторената жрепка ги соочи ПСЖ и Реал Мадрид

Повторената жрепка за осминафиналето во Лигата на шампионите го донесе дуелот на двата големи фаворити за освојување на трофејот во елитното натпреваување Пари Сен Жермен и Реал Мадрид.

Лионел Меси повторно ќе гостува на Сантијаго Бернабеу, но овој пат во дресот на францускиот шампион. За место меѓу осумте најдобри Интер ќе се соочи со Ливерпул, а мадридски Атлетико ќе игра против Манчестер Јунајтед.

Во повторената жрепка само Челзи го доби истиот противник од онаа поништената и за пласман во четвртфиналето ќе се сретне со Лил.

Првите дуели се на програмата на 15/16/22/23 март, а реванш средбите ќе се играат на 8/9/15/16 март.

ФУДБАЛ – ЛИГА НА ШАМПИОНИ
ОСМИНАФИНАЛЕ

САЛЦБУРГ – БАЕРН
СПОРТИНГ Л. – МАНЧЕСТЕР С.
БЕНФИКА – АЈАКС
ЧЕЛЗИ – ЛИЛ
АТЛЕТИКО М. – МАНЧЕСТЕР Ј.
ВИЛЈАРЕАЛ – ЈУВЕНТУС
ИНТЕР – ЛИВЕРПУЛ
ПСЖ – РЕАЛ М.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ФОТО галерија: ТФТ го совлада Работнички и поведе со 2:0

Дејан Дејан

ФОТО галерија: Фудбалерките на Љуботен триумфираа во Купот на Македонија

Дејан Дејан

Одбојкарите во полн состав утре ги почнуваат подготовките за Златната лига

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе