Вести Македонија

Бранот скопски директорски смени на лажичка една дневно-продолжи со ЈСП, нов директор, без детали за бесплатниот превоз

Градоначалничката Данела Арсовска го соопшти името на новиот директор на ЈСП, кој доаѓа на место на разрешениот претходник.

И ЈСП ќе добие вршител на должност директор кој што според законот има мандат од најмногу 6 месеци, а в.д. директор ќе биде Иван Илиевски. Досега директор беше Кристијан Чушков.

Според градоначалничката Арсовска: „Илиевски долги години работи на раководни позиции во Авто Мото Сојуз на Македонија и Македонија Сообраќај Америт. Во текот на својот професионален ангажман, работи и за развој на Центрите за обука на институции, како сертифициран инструктор на IRU Academy (Академија на Унијата за патен транспорт) за обука на Менаџери на транспортни компании, возачи во меѓународен патен транспорт и транспорт на опасни материи.

Илиевски e член и на Советот за безбедност во сообраќајот на патиштата на Град Скопје.

По јавните претпријатија Дрисла и Лајка, ЈСП е третото по ред скопско ЈП кое добива нов в.д. директор (позиција со ограничен временски мандат до избор на директор на конкурс). ЈСП е особено значајно бидејќи двете најголеми предизборни ветувања на Арсовска беа поврзани со јавниот транспорт.

Највпечатливото беше дека јавниот превоз ќе биде бесплатен, а за ова ветување досега нема никакво помрднување нанапред во реализацијата што ја вети Арсовска.

Второто ветување е купување на 250 еколошки автобуси кои треба да го засилат градскиот и приградскиот превоз, да ја зголемат безбедноста на патниците и да донесат побрз и попрецизен транспорт.

20 ден. за час, предлог цена за паркирање кај Клинички центар и во катните гаражи-изготвен е нов ценовник

Во рамки на својот мандат, Арсовска која во време на победничката кампања го критикуваше 70-милиони евра скапиот кредитиран проект БРТ (Брз рапид транспорт или трамвај на тркала), најави дека ќе го раскине тендерот. Потоа градоначалничката се сретна со претставници на Европската банка која го дава кредитот за да ги претстави своите ставови за иднината на јавниот превоз во Скопје.

Потоа Арсовска најави и распишување на референдум за да се изјаснат граѓаните дали се завоведување на новиот концепт на јавен превоз со БРТ.

Директорот на скопската Зоолошка градина Ѓорѓи Галетановски пак и пред да му се случи разрешување сам си поднесе оставка. Галетановски сепофали дека во негово време имало многу нови работи во ЗОО, биле донесени нови животни, направен бил Дино-паркот и Градината станала најпосетувана државна институција во државата.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Прво закон за Судски, па кандидат од Вила водно

Дејан Дејан

Мицкоски и Сиљановска со критики за случувањата во ЕП

Дејан Дејан

Десничарска група поврзана со Ле Пен под истрага на Европското јавно обвинителство

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе