Обилните дождови кои го зафатија Пијанечкиот регион, попладнево го намалија интензитетот и полека се смируваат. Водата од надојдената река Бреаглница која се излеа од своето корито полека почна да се повлекува и да се враќа, јавуваат граѓаните.
Реката се излеа синоќа во три часот, по што брзо го поплавила кејот, но засега нема други штети.
Од Водстопанство Брегалница велат дека состојбата е стабилна со браната Калиманци, иако има голем доток на вода. Во браната се акумулирани 50 милиони метри кубни, а вкупниот капацитет е околу 120 милиони. Блиску до прелив е браната Гратче, но не се очекуваат проблеми. Дождот предизвика излевање на реката Зрновка и одводен канал во Спанчево, но нема пријавени штети, а екипи на Водостопанство се на терен.