Македонија

Екологистите се сомневаат дека Управниот суд ја крие одлуката за „Еуромакс ресурсис“

Управниот суд ја отфрли тужбата на компанијата „Еуромакс ресурсис“ и ја потврди одлуката на Владата да им се одземе концесијата за рудникот за бакар и злато „Иловица-Штука“.

Одлуката на Управниот суд со која се одбива тужбата на Еуромакс ресурсис, сѐ уште не е јавно објавена, иако таа веќе е внесена во деловните бази на податоци во Канада.

Одлуката е донесена во октомври, откако претходно Вишиот Управен суд ја врати постапката назад, но според информациите „Еуромакс ресурсис“ повторно се жалат на Вишиот суд.

Од „Здрава котлина“ велат дека поради сличноста на законите случајот се претвори во пинг-понг игра меѓу судските инстанци.

Тие бараат нешто што го нема никаде запишано во Законот за минерални суровини, и одлуката на Вишиот Управен суд е само процедурално одбивање без притоа да биде назначена суштината на материјалната расправа, каде што се гледа дека згрешиле. Фактички не постои грешка, тие бараат некакво процедурално толкување, рече Ѓорѓи Танушев од „Здрава котлина“.

Екологистите посочуваат дека според финансиските извештаи на компанијата објавени од регулаторите во Канада, „Еуромакс ресурсис“ од 2019 до 2021 година во Македонија потрошила повеќе од 600.000 долари на социјално одговорни активности, од кои една третина биле потрошени во трите месеци пред локалните избори оваа година.

Тие се концентрирани исклучиво во две општини во Македонија, Општина Босилово и Општина Ново Село. Тука има уште еден проблем и тоа е исклучиво канадски проблем, бидејќи толкави донации според канадскиот закон треба да бидат пријавени кај регулаторот како донации. Посебно што дел од тие донации се до наши јавни претпријатија, од кои што очекуваат да добијат соодветни дозволи кои што се неопходни за добивање дозвола за експоатација, посочува Танушев.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Денеска се одржува ,,Марш на ангелите” во Кочани

Дејан Дејан

Тројца отповикани и двајца со истечен мандат остануваат како в.д. амбасадори

Дејан Дејан

Истрагата за трагедијата во Кочани продолжува со распит на сведоци

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе