Утре, во првата половина од денот ќе се задржи стабилно, со сончеви периоди. Утрото ќе биде студено, со температура во интервал од -6 до 0°C.
Во попладневните часови ќе има продор на влажна воздушна маса од запад, па најпрво во овие делови ќе има врнежи, а во текот на ноќта ќе се прошират речиси насекаде. На повисоките планини врнежите ќе бидат од снег.
Ветерот, слаб до умерен, а од пладне повремено засилен од југо-источен правец.
Деталите во Телма МЕТЕО со Ирена Лазарова – Димитровска,
во соработка со УХМР!
e-mail: [email protected]
https://www.instagram.com/telmameteo/