Вести Култура

Театар Комедија со претставата „Вардарски пастуви“ вечерва на „Ускана фест“ во Кичево

На програмата на театарскиот фестивал „Ускана фест“ во Кичево вечерва е претставата „Вардарски пастуви“ во изведба на Театар Комедија од Скопје.

Оваа пиеса е работена според сценариото на Симон Бофој и според пиесата „Дамите бираат“ од Ентони Макартен и Стивен Синклер, во продукција на Театар Комедија, а третира скопски ликови, во кои што секој може да се препознае.

-Претставата „Вардарски пастуви“ вечерва пред кичевската публика ќе ја изведе Театар Комедија од Скопје. Приказната е современа и мејд-ин Скопје. Станува збор за скопска маалска група другари, навивачи на кои најголема љубов им е ФК Вардар. Нивниот начин на живот на маргините и по хаусторите по Скопје ги издвојува од корпоративниот свет и трката за успех, па во недостиг на финансиска моќ потенцирана од нивните секојдневни проблеми стануваат апатични. Но, при една средба еден од нив наоѓа оглас за работа: „Се бараат млади, згодни, убави за машки стриптиз“, пом што состојбата ќе се промени, вели Рахим Рамадани организатор на фестивалот.

Улогите во претставата ги толкуваат: Атанас Атанасоски како Џаро, Валентин Костадиноски-Тино како Брзи, Жарко Димоски – Жица, Илија Илијоски – Касап, Столе Мицов – Лепи, Едмонд Сотир – Роки, Ердоан Максут – Шеф, Јелена Жугиќ/ Жаклина Петровска – Лина.

Режијата, преводот и адаптацијата, како и изборот на музиката се на Синиша Ефтимов, сценографијата е на  Милан Несторов, костимографија е на Александар Ношпал, а кореографија Саша Ефтимова.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Владејачката ВМРО-ДПМНЕ ќе предложи нови кадровски решенија по одлуката на Таравари

Дејан Дејан

Врховниот суд ја укина пресудата со 3 години затвор за Васил Јованов, но Кривичниот ја наведе како отежителна околност при изрекувањето на 12 години затвор за прегазувањето на Фросина Кулакова

Дејан Дејан

Петрески: Трошокот за општеството е поголем од унгарски кредит, бидејќи каматната стапка ја плаќаат даночните обврзници

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе