Вести Македонија Топ вести

Габриел Ескобар утре доаѓа во Скопје на средби со Пендаровски и други функционери

Заменик помошникот на државниот секретар на САД за европски и евроазиски пршања и специјален претставник за Западен Балкан, Габриел Ескобар, утре доаѓа во Северна Македонија на средби со претседателот Стево Пендаровски и други  функционери, соопшти Американската амбасада во Скопје.

– Го поздравуваме пристигнувањето на специјалниот претставник за Западниот Балкан, Габриел Ескобар, во Скопје. За време на посетата, г.Ескобар ќе се сретне со претседателот Пендаровски и со други клучни функционери да разговараат за повеќе теми и заеднички приоритети за регионот, наведуваат од Амбасадата на САД во објавата на фејсбук.

Се очекува на средбите во Скопје да стане збор за актуелните политички случувања во земјава и во регионот, како и за евроинтеграцијата и бугарската блокадата на Северна Македонија.

Ескобар неодамна во обраќањето пред Комитетот на Претставничкиот дом за надворешна политика на САД се заложи Северна Македонија и Албанија да ги започнат преговорите со ЕУ пред крајот на годинава.

– Најсилната порака што ЕУ сега можа да ја испрати е да започне преговори за членство во ЕУ на Северна Македонија и Албанија пред крајот на оваа календарна година. Со тоа ќе се отфрли разочараноста на населението во регионот од европските политики и ќе се запре злонамерното влијание на Русија и Кина кои работат против проширувањето на ЕУ во Западен Балкан, рече Ескобар.

Укажа и дека Скопје и Тирана ја завршиле тешката работа што од нив се барала и оти процесот треба да започне без одложување, поосчувајќи на заедничката изјава на државниот секретар Ентони Блинкен и високиот претставник за надворешна политика на ЕУ Жозеп Борел дека евроинтеграцијата е единствена надеж за регионот

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(Видео) Влатко Стефановски со концерт во Скопје одбележа 50 години музичка кариера

Дејан Дејан

Врзан за бандера бара правда и помош за настраданите во Кочани

Дејан Дејан

Трошановски: Сè уште е доминантно расположението на граѓаните за ЕУ, сè помалку веруваат дека реформи би нè донеле таму

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе