Македонија

Кочанските активисти со жив штит ќе се борат против малата хидроцентрала на Мала Река

Продолжува битката на граѓанските активисти против изградбата на малата хидроцентрала на Мала Река во близина на кочанската брана Гратче. Со жив штит ќе ја бранат природата и Мала Река, очекуваат и новата локална власт, како и државните институции да го раскинат договорот со инвеститорот.

Кочанските активисти од неколку невладини организации побараа и референдум против изградбата на малата хидроцентрала, во случајот се вклучи и обвинителството, кое утврди дека нема законски пречки за нејзина изградба. Позицијата и опозицијата во претходниот локален совет дадоа поддршка на активистите, а сега новата власт ќе го анализира случајот, по што ќе донесе одлука.

Тоа е жежок костен што го добивме во наследство. Прво ќе ја разгледам целокупната документација околу проектот па ќе донесам одлука дали ќе се продолжи со проектот или не, вели градоначалникот Љупчо Папазов.

Стефановски вели дека  дека дозволата за градба со услов да не го користат постојниот пат кон Гратче ќе го забави проектот. Но доколку стартува проектот тогаш ќе ги снема ендемските ракчиња, риби и жаби, кои ќе исчезнат за кратко време.

Централната власт најави дека дел од концесиите за мали хидроцентрали ќе бидат повлечени, засега такви преговори има за Шар Планина. Жители на неколку македонски села и градови се спротиставија на нивната изградба, бидејќи какошто велат зад себе оставаат пустош , а дел од населението останува и без вода за пиење.

Викторија Димитрова Јованова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Пожар кон граничниот премин Блаце, се шири кон шума

Дејан Дејан

Градоначалникот на Кисела Вода влегува во трка за Скопје

Дејан Дејан

Мицкоски: Нема да има данок за немажени, сакав да поттикнам дебата

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе