Генералниот секретар на Алијансата за Албанците Арбен Таравари го обвини премиерот Заев дека лично и нудел поткуп на пратеничката од неговата партија за да премине на нивна страна.
Таравари го изјави ова во интервју за ТВ Сител и тврдеше „дека јавна тајна е дека власта се шета наоколу со куферчиња пари кои им ги нуди на пратениците.“
Преку соопштение од владата премиерот Заев најостро ги демантира изнесените лаги и дезинформации.
-За оваа груба манипулација, лага и клевета ќе бидат преземени сите правни дејствија низ правосудните институции доколку господинот Таравари веднаш јавно не ја повлече изнесената клевета и доколку јавно не се извини., соопштија од владата.