Култура

На конкурсите по дејности за 2022 во Министерството за култура пристигнале 3800 пријави

Во Министерството за култура во тек е административното прегледување на 3800 пристигнати пријави на годишните конкурси за поддршка на проекти од национален интерес по дејности во културата за 2022 година.

  • Пријавувањето на Годишните конкурси годинава за прв пат се одвиваше по електронски пат и изразуваме задоволство од текот на одвивањето на процесот. Со електронското аплицирање, корисниците добија автоматски и архивски број, велат од Министерството за култура.

Поради тоа што електронското поднесување на пријавите е ново искуство и за апликантите и за службите во Министерството за култура, а со цел целиот процесот да биде беспрекорно изведен, министерството го продолжи рокот на пријавување на вкупно 39 дена.

Првото електронско аплицирање за буџетските средства за култура, од Министерството за култура бараше сериозен и сложен процес на подготовка и обезбедување технички услови. Службите од Министерството одржаа обуки во центрите за култура низ земјата, беше изготвено и видеоупатство, на македонски и на албански јазик, со цел апликацијата да биде што подостапна и едноставна за пополнување. И покрај тоа, беа отворени телефонски линии и маил адреси за прашања на корисниците.

  • Искуството од овој процес и за службите во Министерството и за корисниците покажува дека се работи за процес на учење што секако ќе бара усовршување на платформата со секој нов конкурс, потенцираат од Министерството за култура.

Со електронското пријавување е ставен крај на долгогодишните недостоинствени редици пред Министерството за култура, се забрзува целиот процес – од пријавување до изготвување решение и се избегнуваат евентуалните можности за злоупотреби кои се јавуваа со физичкото поднесување на документацијата за аплицирање.

 

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(Видео) Влатко Стефановски со концерт во Скопје одбележа 50 години музичка кариера

Дејан Дејан

Со премиера на „Риголето“, почнуваат 53-те „Мајски оперски вечери“

Дејан Дејан

Третманот на децата во образовниот систем низ премиера во Драмски театар

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе