Друштвото на ликовни уметници на Македонија, утре вечер со голема изложба ќе го прослави јубилејот 75 години од формирањето. Покрај Чифте амам,каде ќе се одржи прославата на јубилејот,дел од изложбата е распореден и во Мала станица. На неа со свои дела ќе учествуваат членови на ДЛУМ , од основоположниците, преку доајените и претставниците на средната до оние од најмладата генерација. Изложбата вклучува слики, скулптури, графики, цртежи, инсталации, таписерии од 292 автори и дела во други медиуми.
– Горди сме на нашето членство и со задоволство го славиме овој значаен јубилеј, велат во дописот од ДЛУМ.
Изложбата е под покровителство на претседателот Стево Пендаровски, а се реализира во соработка со Национална галерија на Македонија. Воведниот текст во каталогот е на претседателката на Уметнички совет на ДЛУМ, Дијана Томиќ Радевска. На отворањето ќе се обратат директорката на Националната галерија Дита Старова Ќерими, претседателката на Уметничкиот совет на ДЛУМ Дијана Томиќ Радевска и министерката за култура Ирена Стефоска. Изложбата ќе ја отвори претседателот Пендаровски.
Изложбата во објектите на Чифте амам и во Мала станица ќе биде отворена до 12 декември.