Вести Македонија Најважни

Алтернатива ќе бара три министерски места и еден вицепремиер, Заев и Гаши повторно ќе се сретнат

Алтернатива бара во новата Влада да влезе со три министерски места и еден вицепремиер. Дали тоа ќе биде прифатено или не ќе се знае по средбата која Заев и Гаши треба да ја одржат во наредните два дена, информира за Телма висок функционер на Алтернатива.

Во партијата во тек се разговори за програмските определби, но и за кадровските решенија, министри, заменици министри, директори на државни институции.

СДСМ ќе чека одговор од Алтернатива. Убедени се дека тие ќе  прифатат да влезат во Владата а со четворицата пратеници ќе се зголеми и парламентарното мнозинство. Една од најзначајните причини поради кои Алтренатива би влегла во Влада е да обезбеди стабилна Влада и стабилно мнозинство поради почетокот на преговори со ЕУ, велат од владејачката партија.

ВМРО-ДПМНЕ ги следи случувањата за влез на Алтернатива во Владата. Ќе бидат опозициска партија која ќе се бори со факти и аргументи во Собранието, и не се откажуваат од барањето за предвремени парламентарни избори.

Целиот процес на формирање нова Влада ќе започне кога ќе завршат внатрепартиските избори во СДСМ на 12 декември, кога треба да се избере нов лидер на партијата кој ќе биде и нов мандатар.

Јулијана Пешевска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани соджини

Италија и се приклучи на Грција во чување на македонското небо

Дејан Дејан

Која е опасноста од никотинските кесички кои се популарни меѓу тинејџерите кои слободно може да ги купат во трафика?

Дејан Дејан

Собранието го извиси народниот правобранител- не ги изгласа законски измени за поголеми ингеренции и финансиска независност

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе