Македонија Најважни

Најмалку 46 загинати и шест повредени во несреќата на македонски автобус во Бугарија

Најмалку 46 лица загинаа во тешка сообраќајна несреќа во која се запали македонски автобус на автопатот „Струма“, јави БГНЕС.

Во автобусот патувале 52 лица. Меѓу загинатите има 12 малолетници, меѓу кои и двајца близнаци. Во несреќата загинал и возачот. Преживеале шест лица кои биле сместени во болницата „Пирогов“ во Софија.

– Во „Пирогов“ се сместени шест лица, сите со изгореници на лицето и горните дишни патишта. Двајца се со изгореници на дланките, другите имаат рани. Луѓето се во тешка траума, изгубија роднини, деца. Тие скокнале од прозорците на автобусот, па оттука и повредите, изјави проф. Маја Аргирова, раководител на клиниката за изгореници во „Пирогов“.

Автобусот синоќа нешто по 21 часот влегол преку граничниот премин Капитан Андреево. Околу 3.00 часот се случила сообраќајна незгода на автопатот во правец Софија – Благоевград.

Автобусот е со македонска регистрација, потврди началникот на Противпожарната служба Николај Николов.

-На 31 километар од автопатот се случи сообраќајна несреќа со автобус во кој се превезувале 52 лица, при што избувнал пожар. Загинале 46 лица. Оперативно -истражните дејствија се уште траат, но пожарот е поради несреќа. Останатите се пренесени во болница, и нивната состојба не е сериозна, изјави Николов.

Делницата од автопатот на која се слуи несреќата има многу проблеми, цело лето таму се поправаат дупки, изјави за БТВ експертот за патишта Дијана Русинова.

Претседателот Румен Радев и привремениот премиер на Бугарија Стефан Јанев разговарале со премиерот на на Северна Македонија Зоран Заев. Го известиле за сите информации што ги имале за тешката сообраќајка.

Заев изрази сочувство за настраданите и најави дека заминува за Бугарија да ги посети преживеаните.

Поради тешката сообраќајна несреќа на 31-от километар од автопатот „Струма“ во правец од Софија кон Благоевград, автопатот ќе остане затворен во текот на целиот ден, барем во правец на Благоевград.

Автобуска несреќа во тој дел на Бугарија се случи и во 1996 година, загинаа 16 луѓе, но тогаш немаше автопат, пренесува БГНЕС

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Изборниот законик пример за различни предизвици во реформската агенда

Дејан Дејан

Ристевска: Прво ви велат „Сменете го Уставот“, а потоа ви велат „Билатералните спорови надвор“- контрадикторно е

Дејан Дејан

Министерството за правда информира дека се неточни тврдењата дека ќе се изгубат средствата од реформската агенда

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе