Вести Економија Топ вести

Колку струја ЕСМ може да се увезе со владината помош?

Речиси дванаесет милиони евра е сумата која ЕСМ ја плати во последните две недели за набавка на струја со која ќе се покрие дефицитот во домашното производство. Во неколку наврати купени се вкупно 53.500 мегават часови струја. Во понеделникот е склучена последната набавка која тежи два милиони евра а со која се купуваат по 3.600 мегават часови наменети да се испорачаат вчера и денес.

Владата прогласи енергетска кризна состојба за да може финансиски да ги помогне ЕСМ и МЕПСО со буџетски средства. ЕСМ доби 4 милијарди кои според информациите на Телма, се распределни за четири ставки и за секоја има по една милијарда денари или нешто повеќе од 16 милиони евра. Станува збор за ставките – ликвидност на компанијата, МЕПСО, ископ и увоз на јаглен и набавка на струја. Ако се земе предвид дека досега се потрошени 12 милчиони евра за не е покриен ниту месец ноември се поставува прашањето колку може да се стабилизира состојбата со тие 16 милиони евра за увоз.

Во моментов дневната потрошувачка се движи околу 21 илјада мегавати а пиковите се меѓу 14 и 16 часот и меѓу 21 и полноќ кога се троши најголемо количество струја. ЕСМ дневно произведува околу 4.200 мегават часови струја. Очекувањата се дека потрошувачкјата ќе порасне со падот на темепратурите бидејќи голем број домаќинства се греат на струја.

Цената на струјата на берзите останува исклучителено висока. Денеска се движи 250 до 290 евра а утре ќе има благо намалување па така увоз на мегават во пик ќе чини 254 евра.

Според експертите две грешки на раководството на ЕСМ допринесоа за обемот на енергетската криза во Македонија. Првата е одлуката да се извезува струја во летните месеци, по цена далеку пониска од сегашната а втората е што голем дел од таа струја беше произведена од хидрокапацитетите и акумулациите беа испразнети наместо да биде произведена од термоелектраните. Ескпертите се на став дека акумулациите мораше да се чуваат и полнат за да може да се користат во овој период како што направија повеќето соседни земји.

Надлежните во ЕСМ засега само на најави за  вклучување на сите производствени капацитетите во погон за да се намали дефицитот а со тоа и парите кои се трошат за увоз на струја. Осломеј и Неготино чекаат јаглен односно мазут. РЕК Битола од денеска работи со два блока.

Огнен Чанчаревиќ

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Меџити: „Вреди“ нема да остане со девет пратеници, четворица од Европски фронт ќе се приклучат кон мнозинството

Дејан Дејан

(Видео) Силјановска Давкова: Не го разбирам потегот на Таравари да излезе од влада

Дејан Дејан

(Видео) Сиљановска Давкова: Во понеделник наутро ќе го поднесам мојот предлог за гувернер на Народната банка

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе