Економија Топ вести

Бектеши: Кога ќе предвидиме дека може да има ценовен шок ќе ја известиме јавноста и ќе преземеме мерки

Килограм брашно достигна цена од 45 денари, лебот и до над 30 денари, шеќерот 38, маслото за јадење над 100, млекото е поскапо за 3 до 4 денари, месото и по над 30 денари. Или цените на основните прехрамбени производи изминатиов период одат нагоре и до 30 проценти. Но за владата во моментов немало ценовен шок. Министерот за економија Крешник Бектеши вели дека правеле анализи и кога ќе предвиделе дека може да има, тогаш ке ја и известеле јавноста  и ќе преземеле мерки, како  замрзнување на цените и намалување на маржите.

Ние веќе ги правиме сите анализи. Во момент кога ние ќе предвидиме дека може да има ценовни шокови, навремено ќе ја известиме јавноста. Во моментот немаме такви податоци дека тоа може да се случи и како што сме направиле пред една година ќе направиме пак во делот на преземање на соодветни мерки. Тогаш секако дека ќе интервенираме во делот на замрзнување на цените. Значи можеме да ги намалиме маржите согласно фактурите кои се доставуваа од увоз, а секако во делот и на голема трговија и во делот на мала трговија, рече Бектеши.

Потрошувачката кошничка од лани до сега е зголемена за 1.000 денари. Статистика измери дека трошоците за живот во октомври годинава се за 4,1 проценти повисоки од истиот месец лани, а цените на мало за 6,1 процент. Но, според Бектеши тоа не треба да се гледа така, бидејќи растела и просечната плата.

Во делот на зголемување на потрошувачката кошница, треба да го имаме во предвид и зголемувањето на платите и да се направи споредба колку било влијанието, а не само да кажеме дека вкупната сума на зголемувањето е илјада денари, тврди Бектеши.

Синдикалците пак реагираат дека трошоците за живот растат побрзо од платите. Велат во стопанството пораснале само минималните плати.

Додека владата чекаше да завршат изборите, а сега и политичката криза, земјите од регионот и Европа уште пред неколку месеци  донесоа мерки за помош на граѓаните. Се замрзнуваа цени на храната, а имаше и помош за ранливите категории на граѓани. Финансиските пакети тежеа по стотици милиони евра.

Александра Филиповска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Сиљановска Давкова: Министерот за надворешни работи си ги пречекорил овластувањата, сите се прашуваат како може Протокол да биде дел од Рамка

Дејан Дејан

Недостасуваат лекари за физикална рехабилитација на повредените во Кочани

Дејан Дејан

Пратеничката група на „Вреди“ се подели на две и сега ќе брои девет пратеници

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе