За само две недели во Битола со коронавирусот се заразија 628 лица, со што градот во овој период има најголем пораст на заболени.
На болничко лекување има 52 пациенти од сите возрасти, поголемиот дел, односно 80 проценти се невакцинирани и со потешка клиничка слика.
Дневно во амбулантата има и по 120 прегледи, што дополнително ја оптоварува работата на КОВИД центарот
-Старосната граница е од 18 години е најмладиот хоспитализиран пациент до 86 години, дел од нив се во стабилна состојба, а останатите се со тешка клиничка слика, повеќето на перманентна кислородна поддршка, а еден и на неинвазивна механичка вентилација, вели Билјана Гагачовска, директор на Клиничка болница Битола.
Во моментот Клиничката болница во Битола работи во редовен режим, нема реорганизација и затворање на одредени одделенија. Иако има доволно капацитет, нема медицински персонал, па во КОВИД центарот недостигот се надоместува со ротација. Засега заразените се хоспитализирани саао во зградата на Инфективното одделение, додека модуларната се користи како амбуланта, но и како дневна болница.
-Не можеме да го затвориме другиот дел на болницата, затоа што постојат и други болести. Така што се уште не сме редуцирани на итен режим на работа. Од другите одделенија се повлекува персонал за да се задоволат потребите на ИНфективното одделение, токму во овој ударен момент, вели Гагачовска.
Според податоците на Институтот за јавно здравје опфатот со две дози вакцини на населението над 12 години во Битола е 53,4 проценти.
Емилија Мисирлиевски