Македонија

Шест македонски научници рангирани во топ највлијателни светски научници на листата на „Стенфорд“d“

Шест македонски научници се рангирани во топ два проценти највлијателни светски научници на листата на „Стенфорд“ за 2021 година. На кумулативната листа за најдобри топ два проценти научници на сите времиња (од сите области) се рангирани Љупчо Коцарев (МАНУ), Леонид Грчев (МАНУ) Валентин Мирчески (Институт за хемија, ПМФ, УКИМ, Скопје), Рубин Гулабоски (Факултет за медицински науки, УГД Штип) и двајца пензионирани професори, Трајче Стафилов (Институт за Хемија, ПМФ, УКИМ, Скопје) и Иван Грозданов (Институт за хемија, ПМФ, Скопје).

Пред еден месец е објавена една од најшироките студии за рангирање на топ два проценти најдобри светски научници од сите области, од автори од Унверзитетот Стенфорд, САД.

За календарската 2020 година (рангирани во 2021 година), во топ  два проценти највлијателни светски научници од Северна Македонија се рангирани: Љупчо Коцарев, Леонид Грчев, Рубин Гулабоски, Рамадани Веланд (Универзитет на Југоисточна Европа Тетово), Кимет Јусуфи (Државен Универзитет Тетово), Биљана Бауер (УКИМ Скопје) и Биљана Ристеска Стојкоска (ФИНКИ, УКИМ, Скопје).

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Европа да се обедини, реформите се тешки, уставните измени главен услов – пораки од еврокомесарката Кос

Дејан Дејан

Министерство за енергетика: Не се изгубени средства од Реформската агенда, обврските ќе се исполнат до јуни 2026 година

Дејан Дејан

Запленети 100 килограми марихуана во Струмица

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе