Економија Забава

Opel Crossland и Samsung Galaxy Z flip 3-главни награди во Новогодишната игра на ВЕРО

Голема наградна игра за купувачите на ВЕРО, а главни награди се Opel Crossland и мобилниот телефон Samsung Galaxy Z flip 3.

Наградната игра трае од 15 ноември до 30 декември. Покрај двете главни премии, наградниот фонд го сочинуваат многу вредни награди како што се таблети Huawei, часовници Хiaomi Mi, лед телевизори MI, прочистувачи на воздух Gorenje, лаптопи Acer, ранци за лаптоп, бавни готвачи Adler, сетови прибор за јадење, како и вредносни ваучери од по 1.000 и 2.000 денари.

Правила за наградната игра

Во новогодишната наградна игра може да учествуваат сите купувачи во Веро маркетите кои направиле сметка над 300 денари од означените промотивни производи. Со секоја таква сметка тие добиваат купон за учество кој треба да го пополнат со лични податоци и да го остават во означените кутии поставени во секој Веро маркет.

Секоја сабота во Веро центар ќе се извлекуваат добитници на неделните награди. Главното извлекување е закажано за 30 декември кога ќе се дознае кој е новиот сопственик на мобилниот телефон Samsung Galaxy Z flip и на главната награда Opel Crossland.

Сите добитници на награди ќе мора да ја приложат фискалната сметка со која го добиле наградниот купон за да може да ја подигнат наградата.

Се наближува периодот на новогодишните празници во кој сите уживаме, но и период во кој веќе станува традиција Веро да ги дарува своите потрошувачи. Наградните игри кои ги организираме во соработка со нашите долгогодишни партнери се подарок за потрошувачите за нивната лојалност и доверба во нас. Веро преку целата година нуди производи со најдобар однос на цената и квалитетот, задоволувајќи ги потребите на сите, но вистинско задоволство доаѓа кога успешната година ќе ја заокружиме со многу среќни добитници на вредни награди. Им посакуваме многу среќа и успех на сите учесници во наградната игра – изјавуваат од маркетинг секторот на Веро.

Веро ве дарува и желби ви остварува во пресрет на новогодишните празници со голема наградна игра во која главните награди се автомобил Opel Crossland и мобилен телефон Samsung Galaxy Z flip 3.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Лица од енергетски монополи ќе можат да бидат членови на регулаторна комисија, ќе има ли простор за манипулации во одлуките?

Дејан Дејан

Исплатена трета транша од унгарскиот кредит

Дејан Дејан

Цената на струјата и парното ќе ја утврдуваат експерти од енергетски компании – измени во Законот за енергетика

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе