Вести Македонија

Габриела Илиевска од „Поинаку“ е новата претседателка на битолскиот совет

На вчерашната конститутивна седница на Советот на Општина Битола, со 18 гласови „За“ за претседател на општинскиот совет беше избрана Габриела Илиевска, носителка на независната листа од Поинаку.

За Илиевска гласаа 13 советници од ВМРО ДПМНЕ, 3 од Поинаку и 2 од Левица.

Во нејзиното обраќање рече дека за прв пат Битола добива претседател на Совет кој е од граѓанска листа и порача да има помалку зборување, а повеќе работа на терен.

„Она што го постигнавме на избори денес го крунисавме, тоа значи дека одсега во Советот на Општина Битола ќе се работи пред се за интересите на битолчани и нема да има поделби на тоа кој од каде доаѓа и кој од која политичка партија е. Тоа значи дека демократијата во Битола добива една нова нота, а Битола почнува да живее поинаку. Поинаку ќе биде на страната на битолчани. Се она што е добро за градот ќе биде поддржано, а се она што не е добро за градот ќе биде критикувано и нема да биде поддржано и ние остануваме на она што го кажавме во самата кампања и она што го кажуваме во измзинатите 4 години, дека граѓаните на Општина Битола треба да бидат приоритет на секоја нова локална самоуправа“, рече Илиевска.

За изборот на Илиевска за претседател на Советот на Општина Битола реагираа од СДСМ.

„На денешното гласање за избор на претседател на Совет паднаа маските. Она што јас го кажав уште пред две години на седница на Совет дека тројанскиот коњ е жив, денес е реалност. Тројанскиот коњ, односно Поинаку кој работеше скришно за интетесите на ВМРО-ДПМНЕ денес е реалност. Граѓанската Поинаку веќе е политички привезок на режимот на Никола Груевски и Христијан Мицкоски. Поинаку од денес станува ВМРО-ДПМНЕ“ , рече советникот од СДСМ Методија Илиевски.

Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека не биле во коалиција со Поинаку туку со граѓаните на општина Битола.

„Во моментов ние не сме во официјалана коалаиција, ние сме во коалаиција со граѓаните. 24 илјади граѓани имаат мнозинство во Советот и тоа е она што е најаважно во овај момент. Ние секогаш ќе работиме во интерес на граѓаните“, рече советникот од ВМРО ДПМНЕ Пеце Милевски.

Лидерот на ЛДП и министер за локална самоуправа Горан Милевски рече дека во Битола се формирала коалицијата ВМРО – Поинаква дополнета со Левица.

„Во Битола се формира коалицијата ВМРО-Поинаква дополнета со Левица. Време е најголемите критичари во Битола да ја превземат одговорноста за состојбите во градот. Сега нема изговори, критики, граѓаните им веруваа, им дадоа доверба, сега очекуваат од нив резултати. Доколку успеат, ќе им честитам, бидејќи Битола заслужува да биде поубава. ЛДП ќе биде тука да ги следи состојбите“ – напиша Милевски на Фејсбук.
© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Мапи со горливи точки објави ЦУК – централниот дел на земјава под висок ризик од пожари

Дејан Дејан

Припадник на АРМ убиен во престрелка во Батинци

Дејан Дејан

Уапсен битолчанец кој со нож нападна сограѓанин на пазарот во Битола

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе