Македонија денеска во завршна конференција, а утре со потпишување на заедничката декларација со НАТО официјално ќе го заокружи процесот на воено интегрирање на земјата во командните структури и во структурата на силите на Алијансата. За министерката за одбрана Радмила Шекеринска тоа е потврда за успешно завршаната работа во зацртаниот рок од две и пол години. Шекеринска денеска информираше дека во изминатиот период е опремена лесната пешадиска единица, декларирана за потребите на НАТО, но оти тртансформацијата и опремувањето на АРМ продолжува со 22 проекти кои треба да се реализираат до 2028 година.