Вести Македонија

ОЈО Велес почна истрага против 73 годишник за кривично дело „убиство”

Основното јавно обвинителство Велес донесе Наредба за спроведување истражна постапка против лице од Велес на возраст од 73 години за кривично дело – Убиство од член 123 став 2 точка 2 во врска со член 19 (во обид) од Кривичниот законик, соопштија од ОЈО Велес.

– На 13.11.2021 година околу 19.45 часот, осомничениот при вршење семејно насилство, се обидел да ја лиши од живот сопругата која е на возраст од 58 години. Тој започнал вербална расправија со оштетената, бидејќи таа била на вториот кат од нивната семејна куќа каде живее нивниот син со семејството, за да помогне околу болно внуче. Осомничениот од под перницата од креветот каде што спие, извадил два големи ножа со сечива од 17 см и 19 см. Држејќи ги ножевите во двете раце, тој замавнал кон оштетената во пределот на главата, заканувајќи и се дека ќе ја заколе. Оштетената почнала да го повикува синот, по што тој дошол, го удрил осомничениот и успеал да му ги одземе ножевите, информираат од МВР.

Бидејќи постојат опасности дека доколку биде на слобода осомничениот може да се даде во бегство и да го доврши кривичното дело, јавниот обвинител од велешкото обвинителство до судијата на претходна постапка при Основен суд Велес достави предлог за притвор за осомниченото лице. Предлогот е прифатен и на осомничениот му е определен притвор во траење од 30 дена.​

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Припадник на АРМ убиен во престрелка во Батинци

Дејан Дејан

Уапсен битолчанец кој со нож нападна сограѓанин на пазарот во Битола

Дејан Дејан

Судење за случајот „Онкологија“, одбраната го спори вештачењето, за обвинителство тоа е беспредметно

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе