Вести Македонија Најважни

Од денес само со две дози вакцина во кафеана, на концерт или на натпревар

Без метеж и турканици помина првото утро откако на сила стапи мерката која надлежните ја донесоа наменски, за да се поттикне процентот на вакцинирано население.

Оние кои досега не се одлучиле да примат прва или втора доза од вакцините против Ковид-19, ниту денес не побрзаа да го сторат тоа иако веќе се засилија ограничувањата.

Без сертификат како доказ за примени две дози вакцина, односно комплетна имунизација, не може да се влезе на затворено – во барови, ноќни клубови, дискотеки, угостителските објекти за свадби, родендени, крштевки и слично, ниту пак на концерти, семинари, обуки, курсеви, работилници и други културни и спортски настани.

Оваа одлука Владата ја донесе пред точно 21 ден, а се остави простор на граѓаните кои немаат примено вакцина, да имаат време да го направат тоа.

Инаку, показател дека драстично е намален интересот за вакцинација се извештаите на Здравство каде што има секојдневен пораст на бројките на вакцинирани со трета доза, но загрижувачки ниски бројки на граѓани кои за првпат се имунизрале.

Сега вкупната бројка на граѓани со три дози е 54.170.

Освен на вакциналните пунктови, очекувано, немаше метеж ниту во угостителските објекти.

Заради непочитување на мерките и протоколите, угостителите можат да се соочат и со вакво известување залепено на влезните врати, а потоа и со казна.

Петар Догов

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Мапи со горливи точки објави ЦУК – централниот дел на земјава под висок ризик од пожари

Дејан Дејан

Припадник на АРМ убиен во престрелка во Батинци

Дејан Дејан

Уапсен битолчанец кој со нож нападна сограѓанин на пазарот во Битола

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе