Носителот на листа на ДУИ во Охрид, Нефи Усеини попознат по повеќе инциденти и дивоградби најавил дека ќе си поднесе оставка од советничката функција. Во телефонски разговор за Телма, тој само кусо одговори дека се уште се мисли, а причината рече дека е судир на итереси по што го прекина разговорот. И градоначалникот на Охрид Кирил Пецаков потврдува дека знае за најавената оставка. Причина е што фирмата на Усеини Нефи ИК има добиено тендери од јавни претпријатија и општината. Ако се погледне портфолиото на фирмата за последната година во јуни таа добила работа од општината за Тампонирање на улици во вредност од 15 илјади евра, јавното претпријатие билјанини извори набавувало градежнио материјали од нефи, а работел и за основното училиште братство единство. Тој има и договорот за одржување на депонијата Буково со охридски комуналец.
Во меѓувреме обвинителството води повеќе истраги против нефи но сите се заглавени, а само еден предмет е во фаза на судење. Тоа е за нападот врз неговиот поранешен колега советник кој тврдеше дека не е тепан но обвинителството го откри спротивното. Истраги пак уште од 2019 има за бетонската база која е дивоградба, и за дивоградбата кај Чинарот која е заглавила поради короната. Обвинител побарал вештачење уште во 2019 та но поради короната градежен факултет долго време не можел да го изработи.
И против фирмата на Нефи Усеини има истрага и за насипување земја и градежен шут на државно земјиште кај Даљан и на брегот од Охридското езеро но и таа не е готова. Инаку Претседателот на советот Сашо Донев вели дека советничкиот мандат на Усеини се уште не е верификуван бидејќи тој не се појавил на првата седница. На следната која треба да се одржи во петок како точка на дневен ред е ставена верификацијата на мандатот на Усеини. Донев нема информација дали ќе се откаже од функцијата, но доколку го стори тоа на негово место ќе дојде следниот кој беше на листата на ДУИ а тоа е Ајлин Мусли. До службите до сега не пристигнало барање од Усеини но велат дека првин треба да му се верификува мандатот па по тоа да му се одземе. Единствено по закон за локална самоуправа ако три пати одсуствува неоправдано од седница тогаш може да му се одземе мандатот. На овие избори Нефи Усеини беше носител на листа на ДУИ, а во претходниот состав исто така беше член на Советот се додека не се откажа поради соработката на неговата фирма со институциите.
Билјана Николовска