Македонија Најважни

Кастриот Реџепи со полициско обезбедување дојде во Собранието, добивал закани по живот

Кастриот Реџепи самоволно одлучил да се засолни и да не присуствува на седницата на која требаше да се гласа за недоверба на Владата. Вели дека добивал закани по живот но не открива од кого.Од Беса му порачаа: „Ако не се срамиш, правиш што сакаш“.

По четиридневна изолација со полициско обезбедување во Собранието се појави Кастриот Реџепи , пратеникот кој беше причина за целодневната драма во четвртокот кога требаше да се гласа за недоверба на Владата. Вели дека самоволно се засолнил тој ден иако сакал да дојде на седница  да земе збор и да гласа против иницијативата на опозицијата. Иако претходно се потпиша , по одлуката да се одложи на неодредено време оставката на премиерот Заев , Реџепи се предомислил.

Реџепи вели дека во четвртокот добивал закани по живот за кои се обратил во полиција.

Реџепи се уште се смета за пратеник на Беса, тврди дека партијата и натаму е дел од владејачкото мнозинство и ќе ја чека одлуката на Централниот одбор.Во комуникација е со премиерот Заев и се надева дека Македонија на 14 декември ќе добие датум за почеток на преговори со ЕУ.

Од партијата БЕСА кусо му порачаа,, :,, Ако не се срамиш, правиш што сакаш,,.

Јулијана Пешевска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Мапи со горливи точки објави ЦУК – централниот дел на земјава под висок ризик од пожари

Дејан Дејан

Припадник на АРМ убиен во престрелка во Батинци

Дејан Дејан

Уапсен битолчанец кој со нож нападна сограѓанин на пазарот во Битола

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе