Вести Македонија

Трујачи на кучиња стануваат опасност и за жителите на Струмица

Со виршли полни отров се трујат кучињата на улиците во Струмица. Жителите се вознемирени, бидејќи од пакосните трујачи старадле многу бездомни животни, но и домашни миленици. Но, најопасно е сепак за малите деца кои си играат во ова маало.

Ова не е прв случај во градот да има обид за труење на животни. Напротив, по неколкупати годишно има пријави дека е расфрлан отров на различни локации. Се претпоставува дека отровот е наменет за бездомните животни кои слободно шетаат по улиците.

Иако повеќе граѓани и неформални организации се обидуваа на згрижуваат бездомни кучиња, сепак, овој проблем бара системско и институционално делување, за што е се изгради и посебен Стационар.

Овој заграден простор идниот Стационар за бездомни животни. Тој треба да се отвори до крајот на оваа година.

Средствата се обезбедени од Швајцарската влада со поддршка на УНДП.

Сузана Мицева

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(видео)Битиќи во Вин-Вин: Пожарникарите треба да земаат по 100.000 денари месечна плата

Дејан Дејан

(видео)Битиќи во Вин-Вин: Пругата кон Бугарија е важна затоа што североисточниот регион е шестпати посиромашен од скопскиот

Дејан Дејан

Девојчето од Ново Село е сместено во згрижувачко семејство, струмичкото обвинителство отвори истрага против таткото

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе