Вести Македонија

Тетово години наназад е помеѓу првите на листата кои имаат високо ниво на аерозагадување

Влошување на состојбата со аерозагадувањето очекуваат експертите со почетокот на грејната сезона во Тетово. Повеќе од половина од населението се грее на фосилни горива, дрва, пелети и јаглен, а за зголемување на концентрацијата на штетните честитки во воздухот придонесуваат и сообраќајот и индустријата, вели доктор Ратко Давидовски, специјалист по хигиена и здравствена екологија. Тој потенцира дека комбинацијата со новиот бран на коронавирусот, кој се очекува, ќе резултура со оптеретување на јавното здравје.

Екоактивистите повторно алармираат и бараат посериозен пристап на институциите за справување со загадувањето на воздухот

Тетово секоја година е на врвот на листата на најзагадени градови, особено во зимските месеци. Податоците за квалитетот на воздухот говорат дека вредностите на ПМ 10 честичките веќе започнале да растат уште во втората половина на минатиот месец.

Данијела Билбилоска

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Припадник на АРМ убиен во престрелка во Батинци

Дејан Дејан

Уапсен битолчанец кој со нож нападна сограѓанин на пазарот во Битола

Дејан Дејан

Судење за случајот „Онкологија“, одбраната го спори вештачењето, за обвинителство тоа е беспредметно

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе