Вести Македонија Топ вести

Дали советниците на општина Штип ќе потпишат нови изјави каде ќе стои уставното име на државата е неизвесно

На првиот работен ден наредната недела  ќе се знае дали ќе се блокира работата на штипскиот совет или ќе се потпишат нови свечени изјави. Решението од државниот инспекторат за локална самоуправа е пристигнато вчера и во него какошто Телма и информираше стои дека изјавите без уставното име се спротивни на Уставот. Штипскиот градоначалник најави дека ќе има консултации со правниците. Тој во документот видел и политика, како и  начин да се блокира работата на советот.

Советниците од ВМРО ДПМНЕ, кои и се мнозинство во советот најавија дека ќе имаат координации, откако ќе го видат решението.

Опозициските советници најавија дека ќе дојдат на закажаната седница во понеделник и тие ќе го бараат решението на инспекторатот за локална самоуправа. Но, дали ќе останат на третата седница ќе зависи од какви одлуки и чекори ќе преземе позицијата.

Рокот да се постапи по решението е 15 дена. Вишите инспектори кои пред седум дена извршија вонреден надзор и тогаш потенцираа дека се надеваат на соработка, доколку службите и советниците не постапат по него најавија и дека може да  донесат одлука за „запирање на прописи“. Што ќе значи блокада на работата на советот.

Викторија Димитрова Јованова

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Даунинг Стрит 10: Партнерството го отсликува се подлабокото пријателство помеѓу двете земји

Дејан Дејан

Секое планирање во енергетиката мора да биде долгорочно, вели Божиновска

Дејан Дејан

Божиновска: Ќе се зголеми производството и ќе се намали цената

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе