Фудбалската федерација на Македонија пушти во продажба дополнителен број билети за одлучувачкиот натпревар на нашата селекција со Исланд во недела на арената „Тодор Проески“.
Еуфоријата во македонската јавност е огромна, бидејќи во недела нашите фудбалери имаат шанса да испишат нова историја и прв пат да се борат за бараж за пласман на Светското првенство. Поради големиот интерес ФФМ одлучи во продажба да пушти билети и за Источната и Западната трибина на нашиот најголем стадион по цена од 100 денари. Претходно во употреба беа ставени само двете главни трибини Северната и Јужната.
Билети можат да се купат преку продажната мрежна на МК Тикетс.
Натпреварот помеѓу Македонија и Исланд се игра во недела со почеток од 18 часот.