Спорт Фудбал

Организаторот на кобниот лет на Емилијано Сала осуден на затворска казна

Дејвид Хендерсон, човекот што го организираше летот во кој загина фудбалерот Емилијано Сала и пилотот Дејвид Иботсон е осуден на 18 месеци затворска казна.

Тој беше прогласен за виновен, бидејќи поради невнимание ја загрозил безбедноста на леталото и на патниците во него. Хендерсон ја признал вината дека се обидел да го организира летот за патник без дозвола.

Сала и пилотот Иботсон загинаа во јануари 2019 година, кога нивниот авион „Пајпер Малибу“ се урна во каналот Ла Манж. Аргентинскиот фудбалер направи трансфер од Нант во Кардиф во вредност од 15 милиони фунти и беше на пат да му се приклучи на својот нов клуб во Велс.

Пилотот Иботсон често бил ангажиран од Хендерсон, но истрагата покажа дека тој немал комерцијална дозвола за да превезува патници, ниту пак имал доволен рејтинг да лета ноќе, а неговата дозвола да управува со летало со еден мотор била истечена. Хендерсон самиот требал да биде пилот на авионот, но во тој момент бил на одмор во Париз со неговата сопруга.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ФОТО галерија: Во меч без голови Вардар и Струга освоија по бод

Дејан Дејан

Реакција на ФФМ: Згрозени сме, но и решителни – овој срам нема да остане неказнет

Дејан Дејан

Еткинсон тренер на сезоната во НБА

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе